КЕВИН ОД „САМ ДОМА“ СЕ ПРОСТИ ОД ФИЛМСКАТА МАЈКА: „Мамо, мислев дека имаме уште време“

popara31 јануари, 20261min00
8408174a8352d15c22bb61ca58def2574489179a

Актерот Меколи Калкин, кој ја играше улогата на Кевин во филмот „Сам дома“, се збогува со актерката Кетрин О’Хара која почина вчера, а ја играше неговата мајка во култниот божиќен филм.

  • Мамо. Мислев дека имаме време. Сакав повеќе време. Сакав да седнам до тебе во фотелјата. Те слушав, но имав уште многу да ти кажам. Те сакам. Ќе се видиме подоцна – напиша актерот скршен од смртта на актерката која ја сметаше за мајчинска фигура дури и надвор од екранот.

Тој ја објави изјавата со две фотографии, едната од филмот, а другата од децении подоцна, во 2023 година.

Калкин често велеше дека снимањето на „Сам дома“ е само почеток на искреното пријателство меѓу него и Кетрин, а таа беше присутна во декември 2023 година, кога тој доби ѕвезда на Холивудската патека на славните.