
Ќе ви треба:
1 кг брашно
250 мл масло
500 мл пиво
1 кесичка прашок за пециво
150 г шеќер во прав
сол
шеќер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Во сад, измешајте го брашното со прашокот за пециво и додадете го пивото и маслото. Потоа извадете го од садот и месете го рачно. Потоа оставете го да отстои 15 минути. Поделете ја смесата на 3 дела. Обликувајте го секој дел во топка и расукајте го со сукало. Потоа исечете го на 6 триаголни делови со нож. Филувајте по желба. Печете ги кифличките во рерна претходно загреана на 200 степени.