
Романсата помеѓу Ким Кардашијан и Луис Хамилтон конечно е официјално потврдена.
Ким Кардашијан и Луис Хамилтон ја официјализираа својата врска на Инстаграм со видео кое возачот на Формула 1 го сподели на својот профил.
Видеото го прикажува Хамилтон како вози со своето црвено Ферари и изведува дрифтови и кругови на паркинг во Токио, додека Ким седи на совозачкото седиште. Во еден момент, по брзото возење, таа коментираше со смеа:
— Ова е лудо.
Видеото е снимено на позната локација за љубителите на автомобили во Токио, а Хамилтон го објави со натпис „Еве нè повторно – Tokyo Drift Vol. III“, заедно со песната „Victory Lap“.
Нивната блискост не е нова тема. Кон крајот на март се појави информација дека тие престојуваат заедно во Токио, каде што им се придружија децата на Ким, како и сестрата Клое со нејзините деца. Извор близок до двојката вели дека Хамилтон совршено се вклопил во нејзиниот семеен круг и дека сите го сакаат.
Според истите извори, Кардашијан е многу заинтересирана за него, и иако двајцата се зафатени со своите кариери, се обидуваат да поминуваат време заедно. Се вели дека нивната врска оди подалеку од минлива авантура.
Шпекулациите за романсата започнаа уште порано во март, кога Хамилтон остави кокетен коментар на една од објавите на Ким од забавата по повод Оскарите, што дополнително ги разгоре гласините за нивната врска.