Престанала да користи скапи производи и го миела лицето со мед 15 дена: Промената на нејзината кожа била неверојатна

popara17 февруари, 20261min00
Престанала да користи скапи производи и го миела лицето со мед 15 дена

Таа, исто така, повремено користела кристализиран мед како нежен пилинг.

Кога нејзината кожа почнала бурно да реагира на речиси секој козметички производ, блогерката Џози Санти решила да проба нешто многу едноставно – миење со обичен мед. По две недели експеримент, таа ги споделила резултатите на социјалните мрежи и изненадила многумина.

Проблемите започнале со чешање, печење и црвенило, прво на рацете, а потоа и на лицето. Бројните креми и препарати не помогнале – симптомите се смирувале за кратко време, а потоа повторно се враќале. Ситуацијата станала уште потешка кога нејзината кожа почнала да реагира дури и на благи препарати како што се витамин Ц и хијалуронска киселина.

По долго истражување, таа решила да проба природно решение што многу луѓе го препорачувале – мед. На почетокот била претпазлива, но по првите неколку дена забележала дека нема иритација, а кожата ѝ станала помирна и помалку сува. Медот, вели таа, лесно се исплакнува и не остава лепливо чувство кога се користи со вода.

До десеттиот ден, таа забележа дека сувите делови речиси исчезнале, а тенот ѝ станал порамномерен. Исто така, повремено користела кристализиран мед како нежен пилинг за носот и брадата, што дополнително ги отпушува порите.

На крајот од двонеделниот период, таа одлучила медот да го направи свој постојан избор за миење, а дополнително изненадување било тоа што иритацијата и егземата на рацете исто така се намалиле.