
Лебот од банана без јајца е одлична опција за ужина, па дури и за сладок појадок или вечера.
Многу лесно и брзо се подготвува, а доколку сакате, можете да додадете чаша сечкани ореви, суво грозје или чоколадни трошки во смесата.
Доколку ви е попрактично, можете да ја испечете смесата во калапи за мафини и да добиете совршени закуски.
Подолу ви претставуваме рецепт за посен банана леб, без јајца:
Состојки:
3 големи, зрели банани
75 мл масло
100 г кафеав шеќер
230 г брашно
1 прашок за пециво
3 лажици цимет
50 г суво овошје
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Изгмечете ги бананите со вилушка, а потоа добро измешајте ги со маслото и кафеавиот шеќер.
Додадете брашно, прашок за пециво и цимет, а потоа добро измешајте.
Додадете суво овошје или јаткасти плодови по ваш избор.
Печете го банана лебот во плех обложен со хартија за печење.
Проверете и покријте со фолија ако колачот премногу порумени на почетокот.
Печете уште 20 минути или додека чепкалка за заби забодена во колачот не излезе чиста.
Оставете малку да се олади пред да го исечете.