
Актерот и неговата долгогодишна партнерка, британската пејачка и актерка Суки Вотерхаус, имаат ќерка, која ја добија во март 2024 година.
Како што истакна на почетокот од интервјуто, немал претерана симпатија кон децата – сè додека самиот не станал татко.
-Не ми пречеа децата, но не бев голем обожавател на нив. Ги толерирав – рече тој, додавајќи дека сега гледа на животот сосема поинаку.
-Сè се сведува на управување со времето. Звучи очигледно, но го сфаќате само кога ќе станете родител. Дури и да сте на другата страна од планетата, знаете дека не можете да бидете отсутни повеќе од десет дена. После тоа, чувствувате физичка болка. Тоа целосно ми го промени животот, – рече тој.
Тој додаде и дека „хемијата на телото на една личност се менува без да го сфатите тоа“. Всушност, неговата нова улога во животот, вели тој, го променила целосно.
-Имањето дете ве тера да се чувствувате како да сте на почетокот и на крајот од вашиот живот во исто време – заклучи Патинсон.