
Како што вели тој, целосно „го изгубил компасот“ и почнал неконтролирано да пие.
Пејачот Пеџа Јовановиќ долго време се бореше со алкохолизам, што доведе до неговиот прв развод од сопругата Ана.
Периодот кога тој западна во овој порок дојде откако ја напушти групата и започна со своите соло настапи.
Тој вели дека потоа „изгубил ориентацијата“ и почнал неконтролирано да пие.
Пресвртницата се случила за време на пандемијата на коронавирусот, кога пејачот конечно си признал дека има огромен проблем и решил да побара стручна помош. Очаен и решен да се спаси, тој едноставно напишал „како да се излечи алкохолизмот“ на Google и наишол на името на авторот, Ален Кар.

Бидејќи книгата во тоа време не беше преведена на српски јазик, Пеџа, кој пораснал во Германија, ја симнал аудио верзијата на книгата на германски јазик за 17 евра. Ја слушал во автомобилот три дена, а потоа се случило вистинско чудо.
- Како некој да исклучил прекинувач во мојата глава. Алкохол – исклучен! Значи, веќе немате апсолутно никаква потреба од него – објаснува Пеџа во подкастот на Zmajcast.
Поминаа четири години од тој момент, а популарниот пејач вели дека повеќе нема желба дури ни да го почувствува мирисот на алкохол, и дека тоа му создава силна одбивност. Денес, тој јавно ја споделува својата приказна за победата над демоните, со надеж дека неговата исповед ќе му помогне на некој што моментално се бори со истиот проблем.