
Ќе ви требаат:
2 средни тиквички (околу 400–450 г)
1 големо јајце
една шака рендана моцарела (околу 50 г)
сол и мелен црн пипер, по вкус
ситно сечкан власец
За филот:
100 г туна
2 лажици полномасно урда или намаз по ваш избор
мешана зелена салата
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Излупете ги и изрендајте ги тиквичките, ставете ги на чиста крпа и добро исцедете ги. Потоа ставете ги тиквичките во сад и додадете го власецот, солта, јајцето, ренданата моцарела и биберот. Добро измешајте. Распоредете ја смесата со лажица во тенки кругови и нежно сплескајте ги. Потоа печете ги тортиљите 25 до 30 минути, додека не поруменат лесно. Потоа наполнете ги со туна, зелена салата и сирење, замотајте ги и сервирајте.