
Многу луѓе погрешно ги перат пешкирите заедно со облеката.
Многу луѓе погрешно перат пешкири со облеката, но Кимберли Чизман, професионална организаторка, предупредува дека ова може да ги оштети и пешкирите и облеката.
Многу луѓе, во брзањето да ја испразнат корпата, мешаат различни видови ткаенини, но експертите советуваат претпазливост, особено кога станува збор за пешкири.
Кимберли Чизман, професионална организаторка, објаснува дека технички е можно да се перат пешкири со облека, но тоа не се препорачува. Погрубата текстура на пешкирите во комбинација со понежна облека може да предизвика оштетување.Пешкиритр се претежно направени од памук или мешавини од памук и се направени да апсорбираат влага, додека облеката може да биде направена од разни синтетички материјали.
Викторија Грин, исто така професионална организаторка, нагласува дека пешкирите никогаш не треба да се перат со омекнувач за алишта бидејќи тоа ја намалува нивната апсорпција, додека омекнувачот за алишта сепак се препорачува за облека.
Пешкирите често се перат на повисоки температури од облеката. Ако сè е поставено на пониска температура нема да бидат доволно чисти, а ако температурата се зголеми, облеката може да се оштети.Дополнително, тежината и густината на пешкирите ја нарушуваат рамнотежата во барабанот на машината за перење, што значи дека облеката може да се збрчка повеќе и да бара повеќе пеглање.
Пешкирите и облеката исто така се сушат различно, при што пешкирите се сушат подолго време. Ако се стават заедно во машината за сушење алишта, облеката може да остане влажна и да помине низ дополнителен циклус, што троши енергија и може да го оштети материјалот.
Заклучокот од експертите е јасен: Најдобро е пешкирите да се перат одделно од облеката за да се одржат во најдобра состојба.