
Американскиот актер Бредли Купер (51) се смета за еден од најголемите заводници во Холивуд. Најпознатата информација е дека бил во долгогодишна врска со моделот Ирина Шајк, со која имал дете, но пред тоа бил во многу краток брак со колешка.

Станува збор за актерката Џенифер Еспозито (52).
Љубовната приказна на Бредли Купер и Џенифер Еспозито
Американската актерка Џенифер Еспозито и холивудскиот актер Бредли Купер се запознале и се заљубиле во средината на 2000-тите. По врска околу една година, Џенифер и Бредли се свршиле во октомври 2006 година, а се венчале на крајот на истата година, многу дискретно и пред некој од нив да постигне голема слава.
Сепак, нивниот брак траел само околу пет месеци – до мај 2007 година, Џенифер Еспозито поднела барање за развод, кој бил законски финализиран на крајот од истата година. Како причина за разделбата биле наведени непомирливи разлики.Бредли Купер подоцна изјави дека бракот не бил грешка, туку искуство,но дека едноставно сфатиле дека не се компатибилни. Од друга страна, Џенифер Еспозито била многу поотворена – без да споменува имиња, го опишала својот партнер како емоционално непредвидлив, многу шармантен во јавноста, но ладен и исцрпувачки во приватноста. Таа рекла дека во тој период имала сериозни здравствени проблеми (подоцна ѝ била дијагностицирана целијакија) и дека емоционалниот стрес од врската дополнително ја влошил нејзината состојба.
Таа самата изјави дека ги игнорирала сигналите дека бракот нема да успее, бидејќи сакала „љубовта да успее по секоја цена“.
Имавме можност да ја гледаме Џенифер Еспозито во делата „Spin City“, „Taxi“, „Detective Confessions“, но таа е најпозната по улогата во серијата „Blue Bloods“.