
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ја угости познатата раперка Ники Минаж во Белата куќа и се пошегува дека и тој би имал нокти како нејзините.
Американската раперка Ники Минаж го пофали американскиот претседател Доналд Трамп откако ја покани на сцената за време на настанот на кој се промовираа таканаречените „Трампови закони“.
Во таа прилика, таа рече дека е „веројатно негов најголем обожавател“.
Најавувајќи ја Ники Минаж, која се појави во големо бело крзнено палто, Трамп на шега рече дека тој „ќе пушти нокти (како нејзините) затоа што му се допаѓаат такви нокти“.
Во исто време, тој се осврна и на она што го нарече добар изборен резултат што го постигнал меѓу „нејзината заедница“ на претседателските избори во 2024 година, алудирајќи на афроамериканските гласачи.

Минаж потоа изјави дека е „веројатно најголемиот обожавател на претседателот“, нагласувајќи дека нејзиниот став нема да се промени, пренесува CNN.
- Омразата и коментарите на другите воопшто не ме погодуваат. Напротив, тие дополнително ме мотивираат уште повеќе да го поддржувам – рече Минаж.
Американската раперка додаде дека нема да дозволи оние кои учествуваат во кампањата за клевета и „малтретирањето“ да останат неказнети, како што изјави таа.
- Тој има многу сила зад себе и Бог го штити – заклучи Минаж.
Nicki Minaj spotted holding hands with president Trump on Fox News
— Red Media (@RedMedia_us) January 28, 2026
"I'm his No 1 fan, Everything he does is good "
pic.twitter.com/MmA92Jxohy
Во таа пригода, Доналд Трамп ѝ ја подари на Ники „Златната карта“, која ѝ гарантира државјанство на Соединетите Американски Држави. Да потсетиме дека Ники Минаж е родена во Тринидад и Тобаго, а на петгодишна возраст се преселила во Њујорк со нејзината мајка и сестра како нелегален имигрант.