3 работи што ги прават скандинавските жени штом ќе ги отворат очите: Затоа нивната кожа е совршена, здрава и затегната

popara9 февруари, 20267min00
3 работи што ги прават скандинавските жени штом ќе ги отворат очите

Ако некогаш сте биле во Северна Европа, веројатно сте забележале дека Скандинавците избираат удобност и едноставност во сè, а овој минималистички пристап кон начинот на живот, мода и сè друго се одразува и во нивниот став кон грижата.

За феноменот на скандинавската убавина се зборува со години, но тајната всушност лежи во едноставните навики и прилагодувањето на климата, односно да му го дадете на вашето лице она што му е потребно во даден момент и да останете доследни.

– Скандинавскиот принцип на нега на кожата е сè попопуларен во Северна Америка бидејќи е најблиску до она што беше тренд за време на пандемијата – објаснува Марија Осорио, директорка за маркетинг на “Cosmetica Labs” за списанието “Marie Claire”. – Сите овие рутини се прават дома и даваат долгорочни резултати. Ова се секојдневни ритуали што сè повеќе луѓе ги воведуваат во својот живот.

За време на епидемијата на Ковид, интересот за ритуали за нега на лице кои не бараат салон и експерти нагло се зголеми, и наскоро многу познати личности лансираа свои козметички линии кои ветуваат брзи ефекти.

Најважните совети за скандинавска нега на кожата на лицето

Скандинавската филозофија на нега се темели на три клучни принципи, кои најдобро се применуваат кога температурите не се екстремно високи и кога влажноста е пониска.

Во текот на летото, дерматолозите советуваат, покрај благите миења и нежно чистење, кожата да биде заштитена исклучиво со заштитен фактор.

Миење со ладна вода

Би помислиле дека некој што гледа снежни наноси пред својот прозорец би сакал да го започне денот со топла вода, но скандинавските жени обично се мијат со ладна вода, што има многу придобивки за нивната кожа. Го намалува црвенилото. Го смирува отокот, го освежува тенот, ги стеснува порите и ги прави фините линии помалку видливи.

Плус, ќе се разбудите полесно, а вашата кожа ќе биде поподготвена да ги прими производите што треба да ги апсорбира!

  1. Хидратацијата е задолжителна

Според Марија Осорио, 80 проценти од скандинавскиот пазар на козметика е составен од производи дизајнирани за хидратација, а нивната популарност постојано расте, без оглед на сезоната.

Бидејќи скандинавските земји се познати по постудената клима, има смисла хидратацијата за сува кожа да биде во фокусот, но принципот важи и во лето, со идејата дека на кожата треба да ѝ се дозволи да дише.

Честа состојка е хијалуронската киселина, која помага да се задржи влагата во кожата, како и ниацинамид (витамин Б3), кој делува со хидрирање, а воедно ја зајакнува заштитната бариера на кожата и го намалува губењето на течности низ епидермисот, а тоа е само една од неговите придобивки. Потоа доаѓа хидратантна крема, која ја „заклучува“ влагата, идеално таква што содржи заштита од сонце (SPF најмалку 30), за да не мора да нанесувате друг производ.

  1. Природната козметика гарантира резултати, но не преку ноќ

Скандинавските производи изгледаат едноставно кога станува збор за дизајн на пакувањето, нивните состојки се исто така едноставни, а сè е базирано на природата. Како што објаснува Марија Осорио, современите потрошувачи сè повеќе се стремат кон здрав сјај на кожата со минимално време и труд, а методите на жените од Северот совршено се вклопуваат!

Важно е да не очекувате чудо по два дена и да останете доследни на природните формули и редовната употреба, особено кога станува збор за средства за чистење на лице, и со текот на времето ќе ја забележите разликата.