ДОМАШЕН ПУТЕР ОД КИКИРИКИ-Многу поздрав и готов за кратко време

popara12 мај, 20261min00
Домашен путер од кикирики

Можете да го чувате една недела на собна температура.

Ќе ви треба:
500 г кикирики
5 лажици масло
3 лажици шеќер во прав
2 лажички мед
прстофат сол
Подготовка:

Печете ги кикириките околу 20 до 25 минути во рерна загреана на 170 степени, мешајќи повремено. Потоа изладете ги и сомелете ги во блендер или процесор за храна. Потоа додадете го медот, солта, шеќерот во прав и маслото. Повторно сомелете додека смесата не стане хомогена и не формира паста. Префрлете го путерот од кикирики во тегла и цврсто затворете го.