Зошто некои жени имаат грчеви по оргазам: Еве кога има причина за загриженост

popara3 октомври, 20261min00
b_261002241

Жените може да почувствуваат грчеви во долниот дел на стомакот или во карличната област по оргазам. Оваа појава е позната како дизоргазмија.

Д-р Клер Грејнџер за „Метро“ (Metro) објаснува дека некои жени може да почувствуваат грчеви, како и тапа или остра болка во долниот дел на стомакот или карлицата.

„За време на оргазам, мускулите на карличното дно ритмички се контрахираат, а може да се контрахира и матката; како резултат на тоа, некои лица може потоа да почувствуваат благи, краткотрајни грчеви“, вели Грејнџер.

На „Редит“ (Reddit), некои кориснички опишаа дека чувствуваат грчеви по оргазам кои траат околу 10 до 15 минути. Една корисничка истакна дека почнала да ги чувствува набрзо по вградувањето на интраутерина спирала (IUD), додека друга ја опиша болката во долниот дел на стомакот по сексот како чувство на воздух заробен во телото кој нема како да излезе.

Грејнџер напоменува дека повторливата болка може да биде поврзана со медицински состојби како што се дисфункција на карличното дно, ендометриоза, цисти на јајчниците или воспалителна болест на карлицата. Според студија од 2017 година објавена во списанието International Journal of Obstetrics and Gynaecology, речиси една од десет британски жени чувствува болка за време на секс, додека податоците наведени од NHS во 2025 година укажуваат на бројка од 15 проценти.

Лекарите советуваат да се обрне внимание на болка за време на секс, необичен вагинален исцедок или крвавење, болка при мокрење и промени во менструацијата.

Грејнџер предупредува дека одредени сексуално преносливи инфекции исто така може да предизвикаат болка во карлицата, дури и во отсуство на очигледни симптоми. Ако грчевите брзо поминат, тие не мора да бидат причина за загриженост, но ако чувствувате хронична болка, побарајте лекарска помош.

„Наглата или силна болка во карлицата – особено кога е придружена со треска, обилно крвавење, вртоглавица или чувство на силна слабост – бара итна лекарска проценка“, додаде Грејнџер.