
Научните истражувања препорачуваат кратка дремка во текот на денот за подобро да ги завршите попладневните задачи и да ја зголемите продуктивноста. Значи, дремката е одличен начин да ја вратите енергијата додека не го поправите распоредот за спиење.
Како да „дремете правилно“?
-Кога спиете повеќе од 30 минути, потешко е да се разбудите и обично се чувствувате поспано во споредба со будењето од полесен сон – вели д-р Сафија Кан, специјалист за нарушувања на спиењето, за Everyday Health.
Значи, експертите препорачуваат дремките да бидат кратки, не подолги од 30 минути. Кан нагласува дека не ви е потребна дремка за нормално функционирање ако имате здрав распоред за спиење, но дури и тогаш, сепак е корисно повремено да дремнете.
Најдобро време за дремка се смета за во текот на денот, или наутро или рано попладне, бидејќи нашите циркадијални ритми нè прават посклони кон длабок сон подоцна во текот на денот. Исто така, избегнувајте кофеин, шеќер и масна храна пред тоа.