
Ќе ви требаат:
800 г компири
1 глава виолетов кромид
3 лажици сечкан магдонос
150 г павлака
80 г мајонез
1 лажица сенф
1 лажица сок од лимон
1 лажица маслиново масло
1/4 чадена пиперка
1/4 лук во прав
Подготовка:
Измијте ги компирите и варете ги со лушпа во солена вода додека не омекнат. Потоа исцедете ги и оставете ги да се изладат, потоа излупете ги и исечете ги на коцки. Излупете го виолетовиот кромид и исечете го на тенки полумесечини. Потоа прелијте ги со сок од лимон и оставете ги неколку минути да омекнат. Одделно измешајте ја павлаката, сенфот, мајонезот, маслиновото масло, солта, биберот, чадената пиперка и лукот во прав. Во голем сад, измешајте ги компирите, сечканиот магдонос и исцедениот кромид и прелијте го со подготвениот дресинг. Мешајте полека за да се соединат состојките. Оставете ја салатата во фрижидер најмалку половина час.