
На вториот ден од посетата на британскиот крал Чарлс III и неговата сопруга Камила на Вашингтон, пред Белата куќа се одржа свечена церемонија. По тој повод, Меланија Трамп и кралицата Камила ги воодушевија сите присутни со својот стил и елеганција.
Првата дама, која претходниот ден носеше жолто одело со чевли од змиска кожа, овој пат се одлучи за елегантно бело одело од модната куќа „Ralph Lauren“, истите кои го создадоа нејзиниот препознатлив стил за инаугурацијата на Доналд Трамп во 2017 година во Вашингтон.

Овој бренд беше меѓу ретките што продолжија да соработуваат со неа во време кога многу модни куќи ја избегнуваа поради политичките ставови на нејзиниот сопруг.
Многумина забележаа дека вчера не носеше шапка, додека денес се одлучи за токму тој моден додаток, широк модел од слама од брендот „Eric Javits“.
Ставот на Меланија кон шапките отсекогаш бил променлив, понекогаш нејзините избори биле хит, а понекогаш помалку успешни.

Како и претходниот ден, Меланија Трамп вчера носеше чевли од брендот „Manolo Blahnik“.
Од друга страна, Камила се одлучи за бел капут-фустан од модната куќа „Anne Valentine“, чии креации ги носеше и за време на вчерашната средба со Меланија. Изгледот го надополни со шапка, елегантни ракавици, чанта и чевли, што дополнително го нагласи целокупниот впечаток.
Нивните модни комбинации беа внимателно координирани, што често се толкува како пример за таканаречена модна дипломатија на високо ниво.
Со својот избор на облека вчера, Меланија се потсети на својот стајлинг од 2018 година, кога се сретна со тогашната прва дама на Франција, Брижит Макрон. Во тоа време, нејзиниот голем бел шешир привлече огромно внимание од светската јавност, која оттогаш се навикна на нејзиниот чест избор на овој моден детаљ.
