Направете совршени мафини од банана и боровинка: Брза и лесна закуска за целото семејство

popara2 август, 20261min00
b_260802034

Ако барате едноставен десерт или здрава ужина што брзо се прави, мафините со банана и боровинки се одличен избор. Овој рецепт не бара брашно, туку бара само неколку основни состојки што повеќето луѓе ги имаат во својата кујна.

Меки, миризливи и превкусно слатки, овие мафини се идеални за целото семејство, а особено ќе им се допаднат на децата кои сакаат овошни ужинки и едноставни десерти.

Состојки:

  • 2 банани
  • 2 јајца
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • една шака боровинки
  • 2 лажици путер од кикирики

Подготовка:

Прво изгмечете ги бананите во сад, потоа додадете ги јајцата, прашокот за пециво, путерот од кикирики и боровинките. Добро измешајте ги сите состојки со жица за матење додека не добиете еднолична смеса.

Распоредете ја подготвената смеса во калапи за мафини што претходно сте ги намастиле за да не се залепи за време на печењето.

Печете ги мафините во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути, или додека не поруменат лесно и не се испечат.

По печењето, оставете ги да се изладат неколку минути, а потоа послужете. Овие мафини се идеални за појадок, ужина или како лесна слатка закуска во текот на денот. Уживајте!