
Шпагети путанеска е едно од оние јадења што докажуваат дека вкусниот оброк не бара многу состојки.
Ова традиционално италијанско јадење е многу лесно за подготовка и е идеално кога сакате брз ручек или вечера без многу мака.
Со само неколку основни состојки, за помалку од половина час можете да имате ароматичен оброк што потсетува на вкусовите на јужна Италија.
Состојки:
две чешниња лук
две прстофат чили во прав
осум инчуни
две лажици маслиново масло
три чаши пелоти
100 г маслинки
100 г капари
шпагети
Подготовка:
Сварете ги шпагетите во солена, врела вода, според упатствата на пакувањето. Во меѓувреме, пржете го ситно исечканиот лук со чили во прав и инчуните во маслиново масло, мешајќи постојано.
Вртете на тивок оган додека инчуните не се стопат, потоа додадете ги излупените домати и крчкајте 20 минути. Непосредно пред крајот на готвењето, додадете ги маслинките и капарите, а потоа додадете ги сварените шпагети.
Ако сосот е премногу густ, разредете го со малку од водата во која се сварени шпагетите.