
Ќе ви треба:
5 белки
250 г шеќер
За намазот:
200 г шлаг
2 банани
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 150 степени. Во сад, изматете ги белките и полека додадете го шеќерот додека не добиете густа смеса. Потоа истурете во плех обложен со хартија и направете круг. Печете околу 10 минути, во рерна претходно загреана на 150 степени, потоа намалете на 100 и печете уште половина час. Изматете го шлагот одделно. Потоа префрлете ја изладената кора на чинија и премачкајте го шлагот одозгора. Наредете ги бананите врз колачот.