
Некои корисници пријавуваат чудно однесување на новите модели на iPhone 17 по целосно празнење на батеријата, при што уредот не се вклучува веднаш во некои случаи.
Слични ситуации се пријавени и на Reddit, што укажува дека проблемот можеби не е изолиран.
Иако сè уште нема официјално објаснување, корисниците пронашле привремено решение, поврзувањето на телефонот со MagSafe или друг безжичен полнач околу 15 минути често помага да се рестартира уредот.
Причината сè уште не е потврдена, но се сомнева на софтверски проблем, што остава простор Apple да го реши проблемот преку едно од следните ажурирања. Компанијата сè уште официјално не коментирала за ова прашање.