
Првиот трејлер за новата научно-фантастична хорор серија „The Beauty“, во која глумат Ештон Качер и Бела Хадид е објавен, а премиерата ќе биде на 21 јануари 2026 година, на FX и Hulu.
Серијата ја следи застрашувачката приказна за револуционерна инјекција наречена „The Beauty“, која ветува физичка совршеност, но со катастрофални последици. Ештон Качер игра мистериозен технолошки милијардер чиј производ е оваа супердрога – но она што требало да биде третман за убавина се претвора во пандемија на смртоносен вирус.
Трејлерот го прикажува ликот на Качер, опуштен на јахта, како го фали својот производ, велејќи: „Јас сум најдобрата реклама за најжешката нова супердрога што ве прави убави без напор.“
Сепак, проблемите започнуваат кога луѓето што ја примаат инјекцијата почнуваат да умираат и мутираат – што вклучува сцени од светот на модата. Во серијата се појавуваат и агенти на ФБИ кои го истражуваат појавувањето на оваа мистериозна болест.
Покрај Ештон Качер, главните улоги ги играат Еван Питерс, Ребека Хол, Ентони Рамос и Џереми Поуп, додека гостински ѕвезди се Бела Хадид, Изабела Роселини, Бен Плат и други.
Серијата „The Beauty“ е закажана за премиера на 21 јануари 2026 година на каналот FX и стриминг платформата Hulu, а меѓународната дистрибуција на Disney+ започнува на 22 јануари во одредени земји.