
Ќе ви треба:
за 1 литар вода
15-25 г свежи цветови од бозел
40 г шеќер
1-2 зрна суво грозје
Подготовка:
Ставете ги цветовите од бозел во чиста стаклена тегла, потоа додадете го шеќерот и сувото грозје. Прелијте со вода до врвот, а потоа промешајте за да се раствори шеќерот. Покријте со капак и оставете два до три дена. Кога ќе почне малку да се пени – процедете го сокот, а потоа сипете во шишиња.