Рецепт за кисело цвекло без конзерванси: Едноставно, здраво зимско јадење кое ќе ве воодушеви со својот вкус

popara11 септември, 20261min00
1426473_shutterstock-1788252896_m

Ако ви е здодевно секоја зима на трпезата да имате само ајвар и туршија, време е да пробате нешто поинакво – кисело цвекло.

Оваа вкусна зимница лесно се подготвува без додадени конзерванси и претставува одличен прилог кон месо, риба или вашите омилени домашни јадења. Таа не е само вкусен додаток на оброкот, туку и природен еликсир за здравјето.

Состојки:

5 кг цвекло
0,7 л бел оцет
2,5 л вода
3 лажици сол
6 лажици шеќер
1 лажичка зрна бибер
1 лажичка семе од ким

Подготовка:

Добро измијте го цвеклото, но не го лупете. Варете го во вода додека виљушката лесно не навлегува во него.

Исцедете го цвеклото, оставете го да се излади, а потоа излупете го и исечете го на тенки кругови. Наредете ги парчињата во чисти, стерилизирани тегли.

Во тенџере ставете ги водата, оцетот и останатите состојки да зовријат, па прелијте го жешкиот раствор врз цвеклото. Цврсто затворете ги теглите, покријте ги со крпа или ќебе и оставете ги постепено да се изладат.

Чувајте ги на ладно и темно место.