Салатата ѕаѕики одлично оди со јадења од месо – а потребни ви се само 5 состојки

popara16 ноември, 20261min00
shutterstock_2501490861-1

Состојки:

400 г краставици
400 мл кисело млеко
2 чешниња лук
2 лажици маслиново масло
Сок од 1/2 лимон

Подготовка:

Измијте ги и излупете ги краставиците, а потоа изрендајте ги на ситно ренде. Посолете ги и оставете ги да отстојат околу 20 минути за да го испуштат вишокот вода. Потоа, добро исцедете ги. Во голем сад измешајте го киселото млеко со исцедените краставици, па додајте го ситно изгмечениот лук. Потоа додајте го маслиновото масло и свежо исцедениот сок од половина лимон, па добро измешајте. На крај, ставете ја салатата во фрижидер.