Сочен ролат од морков, мек и совршено кремаст: Неодолив и уникатен десерт

popara10 ноември, 20261min00
shutterstock_4208443687

Состојки:

5 јајца
5 лажици брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
2 лажици масло
2 моркови, ситно изрендани
250 г меко бело сирење (урда или свежо сирење)
1 чаша кисела павлака
100 г рендана шунка
50 г рендан кашкавал
3 мали кисели краставички, ситно изрендани

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200°C. Изматете ги јајцата заедно со брашното, маслото и ренданите моркови. Истурете ја смесата во плех за печење и печете околу 15 минути. Потоа, завиткајте ја испечената кора во кујнска крпа и оставете ја да се излади. Измешајте го мекото сирење со киселата павлака, при што ќе издвоите четири лажици од смесата за премачкување на ролатот однадвор. Во преостанатата смеса додајте ги ренданата шунка, ренданиот кашкавал и ренданите кисели краставички. Добро измешајте, одвиткајте ја кората, премачкајте ја со филот, а потоа цврсто свиткајте ја во ролат. Премачкајте го ролатот однадвор со претходно издвоениот фил. На крај, посипете со ситно рендан кашкавал и декорирајте го ролатот по желба.