
Печените пилешки батаци се многу вкусно јадење кое е лесно за подготовка и не бара многу време во кујната.
Уживајте во едноставен рецепт за пилешки батаци печени во бело вино и зачини.
Состојки:
4 пилешки батаци со карабатак
1 китка магдонос
100 г презла
40 г пармезан
5 чешниња лук
2 дл бело вино
масло
сол
Подготовка:
Пилешките батаци се зачинуваат, се валкаат во презла и се ставаат во плех за печење.
Се преливаат со лук, магдонос, пармезан, масло и бело вино.
Јадењето се пече покриено со фолија на 250 степени Целзиусови околу еден час, а кон крајот се открива за да добие златна кора.