
Ќе ви треба:
1 јајце
150 г печена тиква
50 г шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
60 г масло
220 г млеко
280 г брашно
1/2 лажичка цимет
1 кесичка прашок за пециво
Подготовка:
Во сад, изматете ја печената тиква со јајцето. Потоа додадете ги шеќерите, маслото, млекото, брашното, циметот и прашокот за пециво. Потоа намастете ја машината за вафли. Кога ќе биде жешка, истурете ја смесата и испечете го колачот. На крај, посипете го готовиот десерт со шеќер во прав.