Ароматерапија за убава и здрава кожа

popara21 октомври, 20111min00
aromaterapija

Покрај чувството на опуштеност и релаксираност, ароматерапијата се применува и за негување и листење на кожата.

Ароматерапијата е стара колку што е стар и Истокот. Најраните пишани документи за употреба на ароматерапијата потекнуваат од антички Египет и се однесуваат на лечењето и балзамирањето со ароматични масла. Со текот на времето, техниката на ароматерапија се проширила низ светот, иако во тоа време цените на етеричните масла биле екстремно високи.

Во денешно време ароматерапијата е широко распространета низ светот како начин на лекување, но и на разубавување и негување. Ароматерапијата е особено успешна во одржување и негување на вашата кожа. Доколку се решите да ја примените ароматерапијата како третман за разубавување, мора детално да бидете информирани за количината и начинот на растворање на етеричните масла. Еве ви неколку насоки:

За нормална кожа: Се препорачува употреба на двопроцентно етерично масло од босилек, камилица или сандаловина растворено во масло од сусам. Оваа мешавина треба да се нанесе на чиста кожа 15 минути пред нанесување на шминка. За постари лица се препорачува трипроцентно масло од ружа жалфија или гераниум, а растворот треба да биде на база на јојоба или пченични никулци. Оваа смеса се нанесува наутро и навечер наместо крема.

За сува и оштетена кожа: Ваквиот тип на кожа има тенденција за прерано создавање на брчки. Препорачуваме двопроцентно масло од камилица, сандаловина или гераниум во раствор од масло од пченични никулци. Освен овој лосион секојдневно благо масирајте го вашето лице, врат и деколте со лосион од камилица или сок од свежа краставица. За постари лица препорачиваме двопроцентно масло од ружа, чемпрес или сандаловина со поголемо количество лосион од камилица.

За мрсна кожа: Мрсната кожа бара редовно чистење за отстранување на слојот од мртви клетки и вишокот маснотија. Направете лосион од 50 гр. лаванда нане и мајчина душичка и прелијте ги со 150 мл. врела вода. Кога ќе се излади лосионот процедете го и мачкајте го секое утро и вечер. За постари лица користете антисептички масла, како ловор, лаванда или лимон во комбинација со масло од сусам или соја.

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag