Пингвините понекогаш знаат и по цел ден да се занимаваат со своите гнезда и внимателно да избираат каменчиња, но ова не е случај кај сите. Еден пингвин го мрзело да оди по заледената површина и да копа, кога може да си украде, зашто толку работа.:))
Тој внимателно ја проверил околината, брзо дотрчал до најбликото гнездо во изградба и украл еден камен, потоа друг, па трет… Кога се вратил пингвинот од кој крадел, во своето гнездо, “крадецот” му го свртел гработ и се правел дека не го гледа. Меѓутоа, брзо бил откриен…