Во британскиот град Брајтон овој викенд прошетаа 3000 луѓе прошетаа во костими на зомбија.
Станува збор за манифестација која полека прераснала во традиција, а оваа година се одржала по петти пат. Учесниците избрале интересни костими и шминка, за да создадат ужасна глетка на набљудувачите. Имало дамки од крв, а учесниците кои биле маскирани испуштале звуци исто како вистински зомбија.
httpv://www.youtube.com/watch?v=tNkmDZ2raok
Организаторката Кејт Ејмер изјавила дека првиот фестивал кој се одржал во 2007 година привлекол само 40 учесници, а веќе наредната година 200, па така од година на година бројот на зомбија се зголемува.
„Во Америка и Канада овој настан привлекува повеќе од 20.000 луѓе. Секогаш сакав да направам нешто слично и кога се преселив во Брајтон помислив да го направам тоа токму тука“, изјавила организаторката и додала дека за организацијата многу и помогнале социјалните мрежи.