Русите прават леден град!

popara26 октомври, 20111min00
107850

Москава гради град Умка во близина на Северниот пол со цел прва да стигне до резервите на нафта кои се кријат под ледот.

Москва планира да изгради ултрамодерен град на заледениот остров Котелниј, 1600 километри од Северниот пол. Ова е уште еден обид на Русија да стави рака на огромните резерви на нафта и гас под поларниот мраз, во време кога сите земји чија територија се допира со арктичките води почнуваат да водат битка за правата на ресурсите од таа област.

Градот кој ќе биде изграден ќе се нарекува Умка, по поларната мечка од популарниот руски цртан филм. Ќе се наоша на архипелагот Новосибирск и ќе биде руски град најблизок до Северниот пол. Ќе биде долг околу 1,6 километри и широк 730 метри, а неговата изградба ќе чини четри и пол милијарди долари.

Футуристичкиот град ќе има своја армија, гранична полиција, разузнувачи, научници и истражувачи. Околу 5000 жители кои ќе уживаат во умерена клима под куполата, иако надвор температурата во зима може да биде и 30 степени под нулата.

„Планираме да направиме научни лаборатории, куќи, паркови, базени, хотели и црква. Ќе има и училишта, градинки, рекреативни објекти, болница и друго. Во градот ќе живеат и работниците кои ќе работат во околните рудници и нафтени платформи, со што ќе се отплатат трошоците за развој“, изјавил еден од најдобрите руски архитекти Валери Ржевскиј, кој својот ултра модерен дизајн го испратил на одобрување кај премиерот на Русија, Владимир Путин.

Градот ќе се снабдува со електрична енергија од нуклеарните централи, а храната нема да биде проблем бидејќи ќе има фарма, пластеници, воденици и пекари.

Инаку, рускиот поларен истражувач, Артур Чилингаров, ги шокираше сите западни земји, кога во 2007 година го заби знамето  на Русија на дното на арктичките води. Покрај Русија, Канада, САД и Норвешла исто така бараат право на присуство во ледените води на Артикот.

Како вселенска станица!

Дизајнот на новиот град ќе биде базиран на моделот на меѓународната вселенска станица. Тоа ќе биде првиот проект во светот со вештачка клима и интегрален систем за одржување на животот, исто како и во вселенските станици.

„Ова не само што е новина во архитектурата, туку е и револуција во досегашниот живот на човекот. За време на создавањето на проектот користевме воздушни и вселенски технологии“, изјавил познатиот архитект, додавајќи дека овој објект е погоден и за градење на Месечината.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag