Често пати мажите грешно ги читаат сигналите кои им ги испраќаат жените. Како да бидете сигурен дека и се допаѓате и дека може да го направите првиот чекор?
Се смее на вашите шеги: Доколку не сте сигурни дека и се допаѓате, кажете некоја шега која сметате дека не е многу смешна. Доколку таа се насмее на шегата, бидете сигурни дека и се допаѓате и направете го првиот чекор.
Ја наведнува главата: Кога жената се чувствува убаво во друштво на маж, ја наведнува главата додека зборуваа. Тоа е знак дека е заинтересирана подобро да ве запознае и тоа веќе на следниот состанок.
Ги повторува вашите постапки: Ако жената ја привлекува некој маж, таа инстиктивно ги повторува неговите постапки. Доколку и се допаѓате ќе забележите дека таа го подига своето тело во ист правец во кој е и вашето или непрестано трепка со очите ако и вие тоа го правите. Ако сакате да ја тестирате едноставно наведнете се нанапред и погледајте дали и таа ќе ви се приближи.
Ја врти својата коса. Отсекогаш женската коса е славена како симбол на нејзината сексуалност. Доколку почне да ја витка косата или да си игра со неа додека зборува со вас, тоа е добар знак дека е заинтересирана за вас и потсвесно сака да ве импресионира.
Лицето и добива сјај: Кога лицето ќе поцрвени, тоа најчесто е показател дека и се допаѓате. Кога жената е сексуално возбудена и кога и се допаѓа некој маж, крвта тече и кон нејзиното лице, што предивикува црвенило на нејзините образи.