10) Зголемена (хипер) перцепција
Поголемиот дел од луѓето имаат доживеано зголемена (хипер) перцепција барем еднаш или двапати во животот. Овој феномен обично се случува кога некој посетува некое место кое никогаш порано не го посетил, а се околку него му изгледа познато. Ова не треба да се меша со феноменот Déjà vu кој е моментален и е навистина само кратко чувство за нешто што претходно сме виделе или направиле. Хипер перцепцијата е подолготраен кога лицето може да исперципира работи на места на кои порано не бил. За разлика од преминот од минатото и Déjà vu, ова чувството расте и станува се посилно како што се зголемува времето на престој на местото, а во некои случаи луѓето имаат пријавено дека одеднаш стануваа свесни и имаат чисти сеќавања за местото но, од друго време – од пред неколку децении или дури векови.
Туристичките посети во раскошни палати или други историски места многу често имаат разбудено сеќавања на посетителите – некои дури изјавуваат дека на тие места имало внатре статуи или дрвја или некои други предмети, посочувајќи ги нивните места каде што стоеле. Во поголем број на случаи водичите на туристичките посети изјавуваат дека споменатите предмети стоеле на овие места, но поради одредени причини пред многу години биле преселени. Водичите тогаш обично прашуваат како посетител знаел, но одговорот е речиси секогаш ист: “Не знам, само знам дека стоеле на овие места“. Вусшност во овие случаи лицето доживеало многу силна хипер перцепција.
Сликата погоре е од Warwick замокот во Англија. Пред неколку години член на тимот го посетил замокот со цел да го фотографира и бил обземен со толку силно чувство дека порано живеел во тој замок поради што започнал да го истражува неговото фамилијарно дрво со цел да провери дали некој негов роднина живеел или имал некаква врска со замокот. Меѓутоа, не пронашол никаква поврзаност. После неколку години за да ја тестира сопствената перцепција тој повторно го посетил замокот и повторно ја почувствувал идентичната перцепција.