Еден ден откако Стивен Тајлер наводно се затрул со храна и паднал додека се туширал во хотелската соба во Парагвај, каде ги повредил лицето и забите, рокерот повторно се појавил на сцената во Asuncion, каде што било забележително дека забите му се поправени, но сепак на лицето имал видливи повреди.
63-годишниот Тајлер бил третиран од страна на локален стоматолошки хирург кој му ги заменил скршените заби, со нови и судејќи според фотографиите по се изгледа добро си ја завршил работата. Така да Стивен без проблем го одржал целиот концерт.