Сообраќајната несреќа кај Нова Градишка во која настрада нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески, никогаш не се случила, тврди македонскиот новинар Зоран Божиновски.
Штом го нема камионот, го нема возачот Славиша Кузмановиќ, кој се судрил со автомобилот на Тоше, го нема ни Брајан Тејлор, британскиот продуцент на Тоше, значи дека мора да се истражи што навистина се случило, однсно не се случило. Јас во мојата книга ќе дадам одговор на 20 прашања, а ќе поставам и многу други, изјавил Божиновски.
Тој додал: „Целиот негов менаџерско – продуцентски тим беше под истрага за затајување на данок и перење пари. Според сите мои сознанија, тие ќе беа уапсени кога ќе се вратеа од патот од Хрватска. Несреќата кај Градишка беше само лоша филмска продукција“, кажал Божиновски, кој сите работи ќе ги обелодени во неговата книга која ќе излезе во март 2012 година.
Божиновски најавил дека во книгата ќе изнесе многу детали и за „политичка и мафијашка“ позадина за смртта на Проески.
„Алудирам на македонскиот државен врв. И на позицијата и на опозицијата. Во тоа е вмешан поранешниот претседател Бранко Црвенковски, премиерот Никола Гревски, како и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Таа директно вршела притисок на менаџерката на Тоше, Лилјана, која не попуштала, исто како и самиот Тоше. “
One comment
Marko
3 ноември, 2011 at 08:23
Mnogu si zema za sloboda novinarot sto saka da pisuva kniga za Tose.
Saka po tujdz grp da specali pari koi navistina gi nema zasluzeno.Kako ne mu e sram.
Ako e novinar neka si bide ama za redakcijata kajsto raboti momentalno i da ne se mesa .