Тажниот живот на Билјана П., жена која секојдневно ја злоупотребува сопругот, свекрвата и деверот

popara28 октомври, 20111min00
article-1204359-05F3E6C0000005DC-98_468x322

Ако сум курва, ќе му бев благодарна на Бога, бидејќи курвите живеат подобро. “Имаш три деца со него. Ако те тепал, мора да си заслужила“ – ја посоветувала тетка и.

Ако животот е сон, имаме ли право да го сонуваме на поинаков начин? Или пак некаде е запишано, дека некои луѓе треба да се разбудат од еден лош сон и да сонуваат втор, уште полош?

– Можам да кажам, дека несреќена сум откако сум родена. Родена пред 25 години во село во близина на Врање. Кога имала пет години, татко и починал. Мајка и била сиромашна, неписмена, а селото без никаков просперитет. Се венчала за алкохоличар, а тој само ја тепал и ја оставал бремена. Му родила три деца. Што можела друго да направи! Ние бевме сиромашни, без корка леб дома, а и тоа што го имавме тој ќе го испиеше и дома ќе немавме што да јадеме. Ме мрази од дното на душата. Кога ме брака од дома, морам да спијам надвор. Не ми дозволи ниту на училиште да одам – одвај завршив осмо одделение. Соседите ми се смееа. Тие ми зборуваа дека: “Тој ти е како очув. Откако почина татко ти, подобро ќе беше мајка ти да те дадеше во дом“…. Таа се обидуваше да ме заштити, но и нејзе ја тепаше- тивко ја започнува својата исповед Билјана, мајка на три деца.

На 14 години, Билјана се вработила во кафуле на еден од соседите кој живеел до нивната куќа. Тоа било многу краток период, со цел да избега од сиромаштијата. Но, тогаш го запознала него – работник во пиварницата.

– На почетокот беше многу културен и фин. Сакаше веднаш да се омажам за него….за него бев единствената… Неговиот татко му оставил аманет на смртната постела: “Земи жена сиромашна, таа сигурно ќе те почитува цел живот”. Мојата пријателка и нејзиното момче ме убедија да одиме заедно на гости кај него дома. Тие многу брзо си отидоа и ме оставија насамо со него. Тој почна да се смее: “Што мислеше ти дека ќе се гледаме во очи! Нема повеќе одење. Ова е крајот“. Имав само 16 години. Тој ме силуваше, а наредниот ден ги покани соседите за да ги почасти, ја раскажува својата тажна приказна Билјана за несреќата од која не можела да побегне, а која ги вклучувала нејзиниот сопруг, свекрвата и деверот инвалид.

Кога првиот син се родил, таа била 18 години. Ја тепаат кој ќе стигн. Сите по ред.

– Мојата свекрва ми кажува: “курво, си работела во кафуле. Мајка ти те продавала, а Албанци те е**ле “. … Ако сум курва, ќе му бев благодарна на Бога, бидејќи курви живеат подобро. Секогаш носам панталони, за соседите да не ги гледаат модринките. Кога го родив првото дете, ме одведе во црква и тогаш ме ожени. Свекрва ми ми рече: “Зошто да правам свадба за келнерка“. Кога ме тепа, ме тепа со стап, се додека не го скрши. Еднаш не сакаше да облече чисти панатлони, туку се запна за други, валкани:

– Сакам за половина час да бидат чисти, суви и испеглани!

– Не можам! Како да ги направам сите овие работи за половина час. Не сум јас виновна што немаш 20 пара панталони, туку само два – толку си купил!

А тој зеде каиш со нитни и ме претепа како добиток. Се обидов да избегам кај својата мајка и тетка, но се вратив заради децата. Мојата тетка ми рече: “Ти му роди три деца. Доколку те тепал сигурно си заслужила“… Мојот најстар син пелтечи. Кога ќе влезе тој во собата, целиот се стресува… Јас немам пари. Од нив зависам. Ако ми требаат два динари, морам нив да ги прашам, а тие веднаш: “Што ќе ти се? Сега пијам, немам да ти дадам“.

– Не смеам ниту да одам кај соседите и да испијам кафе. Еден ден, не можев повеќе да издржав, и го прашав:

– Зошто секогаш ме малтретираш без причина?

– Можеби имам друга, помлада и подобара!

– Тогаш зошто мене ме држиш како роб?

Билјана го има изгубено целото свое трпение и самопочитување.

– Кога избегав последниот пат, тој зборуваше низ селото дека сум луда, а на децата им рече дека сум во лудница. Мене по телефон ми се закануваше: “Во полицијата имаат твоја слика и те водат како исчезната личност. Кога ќе те најдат ќе те уапсат, бидејќи ги имаш оставено децата. Никогаш повеќе нема да можеш да извадиш лична карта. Јас го вжештувам железото за да имам со што да те истепам кога ќе се вратиш“. Морав да се вратам, немав каде да одам, ниту пак имав друго решение! Отсекогаш и засекогаш тепана, сиромашна и бедна. Немам електричен шпорет, немам купатило. Одам во црква, да се помолам и да запалам свеќа за подобар и помирен живот, за да се разбудам од овој и да продолжам во поубав сон“!

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag