Фејсбук моќен како држава

popara28 октомври, 20111min00
fb

Откако основачот на Фејсбук-Марк Цукерберг изјави дека “виртуелните кредити” од оваа друштвена мрежа ќе може да се прошират и на други сајтови, стана јасно дека Фејсбук полека но сигурно станува како независна држава со оглед на тоа што има свој виртуелни пари, жители…

Виртуелни пари

Со услугата ‘Фејсбук кредити за веб-сајтови” (FWC) мрежата на Марк Цуркерберг оствари нов продор на интернет пазарот, а надлежните тврдат дека експериментот сеуште е во разој, иако Фејсбук контролира преку 50 посто од вирртуелната роба чија вредност се проценува на 2.1 милјарди долари.

Жители

Во официјалните статистики Фејсбук наведува дека има околу 800 милиони корисници, кои може да ги нарекуваме негови жители кои имаат во просек по 130 пријатели, а 50 посто од нив се уклучуваат барем еднаш дневно. Жителите на “интернет државата” прегледуваат преку 900 милиони страници, групи и настани, а дневно се прикачуваат повеќе од 250 милиони фотографии.

Јазик

Околу 75 посто од жителите кои доаѓаат од Америка зборуваат англиски, но за останатите корисници Фејсбук е достапен на 70 светски јазици, вклучувајќи и Германски, Руски, Македонски,Чешки, Турски итн. Во преведувањето на Фејсбук на различни јазици помогнале околу 300.000 корисници.

Мобилна телефонија

Освен преку компјутер, корисниците на Фејсбук можат да бидат во контакт и преку мобилните телефони кои се конектираат преку GPRS систем, а секој корисник може да го сподели својот телефонски број преку кој може да го контактираат и кога не е онлајн.

Извршна власт

Во оваа држава постои дури и извршна власт, односно доколку се случи некој од другите корисници да ве вознемирува или да се преправа дека е некој друг, може да го пријавите кај надлежните лица. Доколку стигнат неколку тужби поврзани со иста личност, после предупредувањето може да му биде избришен профилот на тој корисник.

Број на жители:

Фејсбук-800.000.000

Македонија-2,055,004

С.А.Д-306.933.580

Германија -81.772.000

Русија- 142.914.136

Председатели:

Фејсбук-Марк Цукерберг

Македонија-Ѓорге Иванов

С.А.Д-Барак Обама

Германија-Кристијан Вулф

Русија-Димитри Медведев

 

Главни Градови:

Фејсбук- Менло Парк ( Калифорнија)

Македонија- Скопје

С.А.Д – Вашингтон

Германија- Берлин

Русија- Москва

 

Заработка(БДП)

Фејсбук- 4.27 билиони долари

Македонијаа- 18,831 милијарди ЕУР

С.А.Д- 14.334 трилиони долари

Германија- 2.940 трилиони долари

Русија 2.218 трилиони долари

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma