Пејачот и неговиот сопруг Дејвид Фурниш беа фотографирани при излегувањето од хотел со синчето Закарија коешто на свет им го донесе сурогат-мајка на Божиќ минатата година.
Елтон Џон(63) и неговиот сопруг Дејвид Фурниш со синот Закарија се сликани како го напуштаат хотелот во Њу Јорк. Парот бил одлично расположен а Дејвид го носел Закарија во раце. Синот им го роди сурогат мајка на Божиќ минатата година. Парот ја помешал спермата, така да не знае кој е биолошкиот родител на детето.
Тој е наше дете, битно е дека е здрав и жив, среќен и сакан- рече Дејвид откако го прашаа кој од нив е биолошкиот татко на детете.
Во документите на детето Елтон е наведен како таткото, а филмскиот продуцент како мајката на детето кој е зачнат со помош на јајниците на непозната жена додека друга била затруднета.
Елтон и Дејвид во Јануари изјавија дека би сакале Закарија за две години да добие брат или сестра, да не биде единец. Пејачот го нарекол раѓањето на неговиот син како најубавото нешто во неговиот живот. Инаку Елтон и Дејвид се заедно веќе 17 години а се венчаа во 2005.