Кога незнам што да правам со пари…:))) wooow

popara29 октомври, 20111min00
1

Оваа идеја потекнува од холандската фирма Waterstudio којa го дизајнирала овој доста интересен проект. Целиот проект е проектиран од инжењрот на  холандската компанија Дач Докланд. Оригинално и интересно, многу скап дизајн односно проект, лебдечки голф терен со три лебдечки острови…

Овие лебдечеки голф терени кои ќе имаат вкупно 18 дупки ќе бидат поврзани со подводен океански тунел со три големи пловечки острови. Овој комплекс ќе биде опкружен со околу 200 вили и 45 приватни острови и ќе изгледа навистина надреално.

Предложеното место за иградба на проектот три острови со голф терени  е на само 5 минути возење со глисер од главниот град Мејл, на Малдиви, со што голферите ќе имаат можност веднаш да е фрлат на игра.

Цената на целата изградба на овој проект ќе изнесува според проценките на експертите, неверојатни 500 милиони долари.

Овие три острови ќе ги поврзува подводен тунел под океанот кој ќе ги носи голферите на различни острови, тука ќе има и клуб куќа изработена од стакло во која ќе се влегува повторно преку подводен лифт, додека главниот бар ќе биде изработен како аквариум.

Директорот Пол Ван де Камп изјавил: “ Ние му кажавме на претседателот на Малдиви дека можеме да го трансформираме ова место од климатски бегалци на климатските иноватори. Ние имаме и знаеме начин за изградба и одржување на овој еколошки проект , ова ќе биде еколошки развиено морско заштитено подрачје. И да додадам , ова ќе биде прв и единствен лебдечки голф во светот кој ќе доаѓа во комплет со спектакуларен поглед на океан”.

Инаку, повеќе од 80% од 1.190 корални острови  во Малдиви се наоѓаат повеќе од еден до два метри над нивото на морето.

Овој проект се очекува да се започне оваа година и според плановите на проектантите би требало да биде подготвен за голф игра, до крајот на 2013 година, додека целосниот развој се очекува за 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag