Потребни состојки:
- Осум парчиња леб по желба или четири мали погачи
- 4 портобело печурки
- 2 лажици оцет
- 2 зелени пиперки
- 1 модар патлиџан
- 2 чешниња лук
- 2 лажици пармезан
- 200 гр. овчи кашкавал
- 4 лажички мајонез
- 50 гр. лупен сончоглед
Припрема:
Добро измијте ги портобело печурките, отстранете им ги стеблата и полијте ги со оцетот. Оставете ги во покриен сад да отстојат 12 часа во фрижидер.
Испечете ги пиперките и излупете ги, па оставете ги да се изладат. Испечете го модриот патлиџан и излупете го, па и него оставете го да се излади. Ситно исецкајте го лукот и промешајте го со мајонезот.
Врз секое парче леб намачкајте малку мајонез со лук. Врз 4 парчиња леб ставете по половина излупена пиперка и парче модар патлиџан. Врз нив изрендајте кашкавал, па посипете лупен сончоглед. Одозгора ставете по една печурка и наросете пармезан, па поклопете со преостанатиот леб.
Во загреан тостер ставете ги сендвичите да се запечат, се додека не се растопи кашкавалот. Послужете во чинија за сервирање. Добар апетит.