Спонзорушите се “испеглани“ урбани проститутки

popara24 јануари, 20151min00
11

Девојките кои се забавуваат исклучиво само со мажи кои имаат многу пари и живеат на нивна сметка, во “модерното време“ се нарекуваат спонзоруши, и се наоѓаат во фоајето на елитната проституција.

“Ин” места…девојките кои бараат спонзори внимателно ги одбираат местата каде што излегуваат.

Една просечна жена започнува да чекори по овој пат кога нејзиниот апетит почнува да расте. Таа сака сé што имаат нејзините пријателки: скапа облека, силикони, да излегува на “ин” места, летување, зимување, шопинг….

Живеат на “висока нога“

– Елитната проституција се води на улица, а спонзорушите се потрошена роба која има своја цена, а сите ние знаеме дека секоја цена на пазарот може да падне. Интересно е тоа што кога една девојка или жена кога ќе се “понуди“на пазарот, станува обележана, означена роба, а нејзината цена е позната и постојано се следи. Спонзорушите се средени и “испеглани“ урбани проститутки, на кои и доколку им се плати, никогаш нема да го напуштат своето “тешко добиено место во општеството” – објаснува една спонзоруша која што сакаше да остане анонимна.

Епидемија

Всушност спонзорушите се создадени од општеството кое има извртени и пореметени вредности, па не е ни чудно што овој феномен добива и епидемиолошки размери.

– Во денешно време, изгледа дека феноменот “спонзоруша“ се зголемил до тој степен што беа “неа“ не може да се замисли ниту една “добра компанија“, политички лидер, универзитет, училиште, болница… Фактот дека работата денес најлесно се добива во кревет, а таму всушност и се одржува, претставува поразителен факт – вели таа.

Фактот дека спонзорушите се наоѓаат во фоајето на елитната проституција, се согласуваат и психотерапевтите. Овој феномен го објаснуваат преку т.н. економска теорија на љубовта – на која што основа луѓето се сакаат бидејќи тие имаат корист од тоа, односно поради тоа што позади секоја љубов стои себичен мотив.

– Доколку тоа е на едниот крај, а проститутките се на другиот, тогаш спонзорушите се во средина. Разликата помеѓу проституцијата и спонзорството е дека проституцијата е отворена и директна. Постојат два вида на спонзоруши. Првиот е прикриена проститутка, бидејќи таа не го сака својот спонзор, туку со него е само за пари. Друг вид се девојки од релативно сиромашни семејства, кои на телевизија отсекогаш ја гледале естрадата и ВИП личностите и сонувале да припаѓаат во тој свет, да возат џипови, да бидат облечени според најновата мода, кога ќе поминат низ улица луѓето да прашуваат која е и чива девојка или сопруга е… Тогаш несвесно се заљубуваат во мажи кои можат да им го исполнат тој сон.

Каде е разликата?

Психологозите прават разлика помеѓу спонзоруша и проституткта. Напоменуваат дека последните потекнуваат најчесто од посиромашни семејства и проституцијата им е единствен начин да заработат за просечен живот, додека пак спонзорушите сакаат да си обезбедат повисок стандард и престиж.

– Девојките кои се спонзоруши, вообичаено не доаѓаат од сиромашни семејства, туку од средниот економски сталеж. Многу често, во нивните постапки ги поддржуваат и семејствата, особено мајките кои не увидуваат за што станува збор, туку веруваат дека не постои ништо лошо доколку нивните т.н. дечковци им купуваат автомобил како подарок, им плаќаат одмор, ги носат на скапи вечери, им купуваат облека, накит… Мотивот не е опстанок, туку луксузен живот и престиж – објаснуваат.

Како да идентификувате спонзоруша:

1. Носат исклучиво скапа и брендирана облека, имаат силикони и изгледаат совршено;

2. Излегуваат во “ин” клубови, со двапати постар бизнисмени кои им плаќаат сé;

3. Одразот на лицето секогаш ја издвојува од масата на луѓе – секогаш има насмевка која и ги открива нејзините бели заби;

4. Таа се движи само во високите кругови, со високи потпетици и исклучиво “гледа од високо“;

5. Нејзините движења се вештачки и изгледа како лоша актерка на која и е дадена главна улога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag