Невообичаени начини да заштедите

popara1 ноември, 20111min00
stedenje

Во изминатиот перидо економската криза значително се одрази и врз домаќинствата. Затоа ви претставуваме неколку едноставни идеи како да заштедите и да ги намалите трошоците.

Не користете количка на тркалца: Со количките за купување ќе купите многу повеќе производи од што ви се потребни, едноставно затоа што тие се големи и ќе сакате да ги наполните.

Никаде без листа на купување: Одете во шопинг со претходно подготвена листа и ветете си дека ќе ги купите само оние намирници кои се на листата. Останатите работи сигурно не ви ни требаат, штом не се нашле на самата листа.

Избегнувајте купување на намирници со вашите деца: Доколку имате деца, особено ако се мали, шансите се огромни дека тие ќе ви бараат да им купите се и сешто. За да ја избегнете оваа непријатна ситуација, погрижете се да најдете некој кој ќе ги чува додека вие сте на шопинг.

Носете ситни пари: Најчесто ситните парички ги оставаме дома, па во продавница даваме книжни банкноти за кои повторно ќе добиеме кусур кој ќе го оставиме дома. Затоа, носете ситни парички со вас и ќе заштедите.

Супербрендови наспрема домашни брендови: Бидете сигурни дека мнозинството домашни производи се исто толку добри колку и познатите бренови, а чинат многу помалку. Наместо да давате пари за скапи намирници, испробајте го домашниот еквивалент кој не само што ќе ви заштеди пари, туку можеби и ќе ви се допадне повеќе.

Барајте сезонски попусти: Погледнете кои артикли се на попуст или пак имаат некоја промоција. Можеби ќе го најдете токму она што ви треба за значително помала цена!

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma