Лејди Гага за промена не направила некој скандал во Индија, напротив таа решила да им помогне, отварајќи дом за сирачиња, кој ќе го носи нејзиното име!
Гага неодамна ја посетила оваа земја и најмногу ја погодила сериозноста на проблемот кој го имаат напуштените деца.
Гага со овој потег сака а привлече внимание кон социјалната состојба во Индија, која е алармантна.
– Гага наскоро сака да оформи Фондација која ќе го носи нејзиното име, а со тоа сака да им помогне на децата барем сега кога нејзината кариера е во својот зенит и кога нешто може да се направи за нив – изјавил извор близок до пејачката.
Само да потсетиме дека нејзиниот идол, Мадона, пред неколку месеци отвори сиропиталиште во Малави.