Додека неговите врсници пишуваат домашни задачи, младиот Џек Хил ужива во ноќните забави. Младиот британец влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмладиот диџеј на светот кога имаше само шест години.
Џек, кој сега има 11 години, неодамна настапи на BPM, најголемиот настан во Европа посветен на електронската музика и клупската култура.
За Џек многу познати диџеи велат дека е природен талент и дека музиката едноставно извира од него. Тој планира својот живот да го посвети на електронската музика, но паралелно се занимава и со радио емисии. Џек го држи и гинисовиот рекорд за најмлад презентер на радио во светот. Погледнете го малиот гениј на дело: