Компанијата за производство на слатки Сан Рајп Продактс од Канада реши да постави гинисов рекорд, а воедно и да израдува неколку стотици деца. Тие ја произведоа најголемата овошна ужинка на светот, долга неверојатни 91,44 метри.
Ужинката, тешка 14 килограми, беше направена на специјална машина наменета специјално за оваа пригода. Откако беше измерена, неколку стотици деца уживаа во нејзниот сладок вкус на јагода.
Настанот посветен на презентирање на најголемата ужинка на светот беше од хуманитарен карактер, па беа собрани околу 4000 долари кои беа донирани на локалните добротворни организации.