Луис Хамилтон ја оставил Никол, бидејќи не бил спремен за брак и деца?!

popara3 ноември, 20111min00
Nicole Scherzinger et Lewis Hamilton quittent le restaurant Katsuya. NPG

Возачот на Формула 1, Луис Хамилтон по четири години љубовна врска ја напуштил Никол Шерцингер, бидејќи сè уште не бил спремен да има семејство, додека таа инсистирала да стапат во брак и да имаат деца.

Јас не сум подготвен да имам семејство – изјавил пред пријателите Луис Хамилтон (26).

Еден од нив открил дека седум години помладиот Хамилтон решил да ја прекине врската со Никол Шерцингер (33), бидејќи таа сакала повеќе од она што тој во моментов  е во можност да и понуди. Извори блиски до пејачката откриле дека таа верувала дека четири годишната врска ќе заврши со брак и деца.

“Јас сум посреќна од било кога. Луис е неверојатен и скромен човек и ние би сакале еден ден да имаме деца” – тоа беше изјавата на пејачката во декември 2008 година.

Прекинот на врската многу ја погодило Никол, што посакала земе пауза од британското шоу X Factor, иако распоредот тоа не го дозволувал. Таа изгледала растресено, за што и ја критикувал Сајмон Коел.

-“Не знам што е нејзиниот проблем вечерва” – изјавил Сајмон по шоуто.

По раскинувањето имало гласини дека Никол почнала да се гледа со водителот од X Factor, Стив Џонс. Тие се запознале за време на сетот и потоа наводно се зближиле по неколку заеднички дружења. И покрај гласините, нејзиниот портпарол изјавил дека пејачката не се состанува со Стив и дека меѓу нив ништо не се случува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma