Алкохолот го зголемува ризикот од рак на дојка

popara4 ноември, 20111min00
alkohol

Жените кои пијат 3-6 чаши алкохол неделно се изложени на 15% поголем ризик од рак на дојка отколку жените кои не пијат, покажаа истражувањата на спроведени од страна на американските експерти.
Истражувањето било спроведено врз 105.986 жени кои пополнувале прашалници за своето здравје и за навиката за пиење алкохол во периодот од 1980 до 2008 година.

Резултатите покажале дека ризикот од рак е значително поголем кај жените кои често конзумираат алкохол, без оглед на тоа дали пијат во младоста, или по 40-та година, што укажува на фактот дека ризикот не се намалува дури и ако тие престанат да конзумираат алкохол.

Од друга страна, резултатите пробудија дилема кај жените кои пијат мали количини на алкохол, како на пример чаша црвено вино кое е добро за срцето.

„Не постојат податоци кои можат со сигурност да го потврдат дека откажувањето од алкохолот автоматски помал ризик од рак“, вели д-р. Стивен Народ, учесник во студијата.

Според Народ, потенцијална предност за понизок ризик од рак на дојка кај жените кои не консумираат алкохол не е пропорционална со придобивките од повремено конзумирање на чаша црвено вино кое ја подобрува работата на срцето.

Истражувачите велат дека не можат со сигурност да ја откријат причината за висок ризик од рак на дојка, но веруваат дека значаен фактор е зголемувањето на нивото на  хормоните кај жените кое се јавува по конзумирање на алкохолни пијалаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *