
Стотици и стотици милиони долари трошат богатите секоја година во потрага по најбараните уметнички дела на светот.
Еве една листа од 10 те најскапи дела на сите времиња, и кратко објаснување што ги прави толку исклучителни и зошто ја оправдуваат неверојатната цена.
1.Портрет на Адел Блох Бауер од Густав Климт ( 135,000,000 $ )
Оваа рекордна слика била ограбена од Нацистите за време на втората светска војна, а подоцна вратена на наследниците на Климт.
Оваа ремек дело на мајсторот на Арт нуво стилот Густав Климт, сликата е купена од Роналд С. Лаудер во 2006 година .
2. Момче со лулe од Пабло Пикасо ( 104,100,000 $ )
Насликана за време на розевата фаза Момцето со лулe го прикажува Пикасовот ве што користење на весели портокалови и розеви тонови.
Рекордната аукција на 4 Мај 2004 во Сотби била изненадување на главните аукционери, затоа што била насликана во стил кој не бил особен за пионерот на Кубизмот.
3. Дора Мар со мачка од Пабло Пикасо ( 95, 200,000 $)
Насликана во 1941, Пикасовиот контроверзен портрет ( еден од последните ) опишуван како реален приказ на неговата љубовница Дора Мар која била сликарка фотограф и љубовница на Пикасо во нивната врска која траела 10 години.
4. Портрет на доктор Гаше на Винсент Ван Гог ( 82,500,000 $)
Оваа слика од Холандскиот мајстор на имресионизмот Винсент Бан Гог, одненадеж стана светски позната кога Јапонскиот бизнисмен Роеи Саито платил 82.5 $ на аукцијата во Кристи , Њу Јорк.
Саито бил толку привезан за сликата што сакал да биде и кремиран со неа. Саито умрел во 1996 но сликата била спасена.
5. Бал во Мелницата Ла Галет од Пјер Огист Реноар ( 78,000,000 $)
Балот во мелницата Ла Гелет на Монмартр на Францускиот сликар Реноар во 1876. На 17 Мај 1990 била продадена за 78,000,000 $ на аукцијата на Сотби во Њу Јорк на Јапонскиот бизнисмен Роеи Саито.
6. Масакрот на невините од Питер Пол Рубенс ( 76, 700,000 $)
Ова е единствената слика на оваа листа која што не е насликана 19 или 20 век . Била проидадена на Кенет Томсон вториот Барон Томсон од Флит за 76,700,000 $ на аукцијата во Сотби во 2002 та година.
7. Портрет на уметникот без брада, од Винсент Бан Гог ( 71,500,000 $)
Оваа слика е една од многуте автопортрети на Ван Гог. Тој на насликал во Сан Реми во Прованса ,м Франција во Септември 1889 година.
Автопортретот станал една од најскапите слики на сите времиња кога била продадена за 71.5 $, во 1998 во Њу Јорк.
8. Завеса , Бардак и чинија со овошје од Пол Сезан ( 60,500,000 $)
Оваа слика на Сезан насликана во 1893 – 94, е продадена за 60,500,000 $ кај Сотби на Американскиот милионер Вајтни кој потекнувал од една од најбогатите Американски фамилии.
9. Жена со скрстени раце на Пабло Пикасо ( 55,000,000$)
Оваа дело насликано во 1901 година потекнува од познатиот син период на Пикасо, еден тежок и темен период во животот на сликарот.
Делото е продадено за 55,000,000$ На 8, Ноември 2000, на аукцијата на Кристи во Рокфелер, во Њу Јорк.
10. Перуники од Ван Гог (53,900,000$)
Винсент Ван Гог ја насликал оваа слика во Сент Пол во Мозол, во Сан Реми де Прованс , Франција , во 1889 година . Таа стана најскапата слика на денешницата. Била продадена за 54,000,000 $ на Ален Бонд , и подоцна препродадена на музејот Гети.
* Број Пет на Џексон Полок ( 140,000,000$)
Непотврдените гласини во светот на уметноста ја ставаат оваа слика на врвот од листата , барем привремено. Ако е вистина цената од 140 милиони долари ќе биде највисоката цена било кога платена за една слика , надминувајќи го делото на Густав Климт , Портрет на Адел Блох Бауер, кое чинело 135 милиони долари .










