Хрватската полиција го откри синџирот на елитната проституција и дојде до именикот со телефонски броеви на 100 “елитни“ проститутки.
Координирана мрежа
Пронајден е именикот со телефонски броеви на стотина дами за придружба, повеќето од нив имаат од 18 до 30 години, а голем број од нив се дел од овој бизнис веќе со децении. Сите тие ја сочинуваат добро искоординираната мрежа на проститутки, а состаноците и договорите најчесто се договараат преку нивните макроа кои според некое непишано правило “управуваат“ со животот на десетина девојки.
Именикот веќе подолг период циркулира низ круговите на “корисниците“ на секс услуги кои пак на разни форуми дебатираат за “квалитетот“ на пооделни проститутки, разменуваат телефонски броеви од девојките и од макроата. Адела, Адријана, Александра, Амела и Романа, Анчиќ, Морган, Памела, Патриша, Маја, Мерцедес, Моника, Стела, Сузана, Тиа, Валерија… Ова се дел од девојките кои се во именикот.
За сечиј вкус
– Да, Маја е слободна за викенд. Таа доаѓа кај тебе, само јавете се еден ден порано за да потврдите, а имаме и други девојки, доколку сте заинтересирани – машки глас од другата страна на линијата ги дава сите потребни информации. И на сите други огласи, од листата со имиња и броеви секогаш се јавуваше маж кој потенцираше дека има уште девојки во “понудата“, само ние јасно да кажеме што сакаме и за што сме заинтересирани. Именикот се појави и на една интернет страна, каде неколку стотици корисници експлицитно ги опишуваа своите искуства со проститутките, ги оценуваа, а телефонските броеви ги даваа на други мажи.
– Бев во салон за масажа во Загреб…. Тие имаат повеќе девојки, релативно е добро уреден салонот, столот за масажа, сауната, џакузито. Девојката започнува со масажата и отворено нуди орален секс. Масажата е 300 евра, а 400 евра е доколку е вклучен сексот. Девојката е згодна, но не толку симпатична… Нејзината “услуга“ би можел да ја оценам со 3+ – вели еден од учесниците на тој форум, додека другите продолжуваат да коментираат – Не знам дали мислиме на истиот салон. Во принцип, кул простор, со сауна, 3 спални, 3 девојки – а веќе третиот учесник дава и детален ценовник: – 300 евра масажа со голо тело, 500 евра за орален секс и “среќен крај“, 600 евра за “целосен секс“. Тие имаат четири девојки, па одберете.
– Само да знаете, “младата дама” доаѓа во Загреб секој четврток, а “работи“ во петок. Малата ги прави сите перверзии кои што можете да си ги замислите, а трошоците се 1.000 куни на час. Во суштина, девојката изгледа одлично, услугата е одлична.
Проблемот е само 150 евра + трошоци за хотелска соби во некој пристоен хотел. Значи околу 220 до 250 евра или можете да ја однесете и дома. Малку е прескапо за мене, па нека ви е со среќа на вас кои можете да си го дозволите овој трошок – пишува еден од учесниците на формумот, притоа наведувајќи ја информацијата дека девојката има само 25 години.